За нас - ФилеоЗа нас - Филео 

 

Здружението на граѓани „ФИЛЕО“ е формирано во 2007 година, тоа е самостојно во организирањето и остварувањето на своите цели, интереси, и активности утврдени со статутот. Нашата мисија е Филео да прерасне во ресурсен и едукативен центар кој ќе е во функција на вклучување и унапредување на младите во општествените текови, со фокус / области на делување млади (Capacity Building, Mentorship, Активизам, Advocacy and Lobbing, студентски истражувања) како и образование (основно, средно, високо и програмата за туторство) и со Cross cutting области (Родова еднаквост, Медиумска застапеност, Вмрежување и Мултикултурализам), нашата визија е да станеме предпознатлива организација на Европско ниво за застапување на итересите на младите.

 

Програмски задачи и Цели на Здружението се:                                                                              

 

o Програма за градење на капацитетите кај младите (организирање на курсеви за странски јазици и компјутери, градење на вештини кај младите преку организирање на различни тематски тренинзи и обуки, кампови, како и академска поддршка - туторство за студентите Роми и

o Програма за градење на младински активизам преку најразлични тренинзи, кампови и мали студентски истражувања)                                                          

o Предшколска програма односно едукативен центар во општина Шуто Оризари

o Потикнување на соживотот помеѓу младите Роми и не Роми преку најразлични мултикултурни активности кои ќе помогнат во градењето и одржувањето на меѓуетничките односи.

 

Во текот на 2011 година нашето здружение успеа да добие финансиска поддршка за да купи свој објект, преку кој ќе може да ги оствари програмските цели и задачи, и каде ќе се одвиваат сите наши активности. Би сакале овој објект постепено да прерасне во еден вистински Ромски Ресурсен и Едукативен Центар во Шуто Оризари. .Во изминатите шест години Филео успевање да ги реализира своите програмски цели со помош на својот донатор. На почетокот на нашето работење почнавме со само неколку активности, но од година во година нашите активности се зголемуваат како и нашите резултати. ФИЛЕО од самото формирање е лоцирано во Скопје (Република Македонија) во единстевената Ромска општина во Светот Шуто Оризари, ова Општина е Мултиетничка но доминира Ромската Заедница. Според последните Истражувања во ова општина живеат околу 22.000 жители од кој 79,1 % се Роми, 11,9 % Албанци и 7,1% се Македонци.

 

Во текот на 2013 ја надрградивме програма за Подршка на средносшколци Роми со стипендии за компјутерски вештини и странски јазик како и работилници се со цел за успешно завршување на училишните задачи, оваа програма придонесува во зајакнување на нивните знаења, вештини и капацитети, оваа програма продолжува да се реализира и во 2014 година бидејќи влијае многу мотивирачки кај средношколците за продолжување на своето образование во високо образовните институции.

 

Програмата за поддршка на Ромите во виокото образование во текот на оваа академска 2013/2014 година ќе се фокусира во неколку клучни активности (Академски тренинзи студентски проекти, туторство) кои ќе ги зајакнат академските и лични капацитети на студентите.

 

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ СО РЕУЛТАТИ

 

Во периодот од 2007 до денес „Филео“ работи на следната прогрмска цел

 

  1. 1.Програма за градење на капацитетите кај младите (организирање на курсеви за странски јазици и компјутери, градење на вештини кај младите преку организирање на различни тематски тренинзи и обуки како и академска поддршка на студентите Роми)

 

1.1. Одржавме курсеви по Англиски јазик за деца од ромска национланостод Шуто Оризари кои се едуцираат и запознаваат со Англискиот јазик. Најголемиот дел од нив покажуваат подобри резултати на училиште.

 

1.2. Во периодот од 2007 – 2011 ја реализиравме проектната активност за изучување на Англискиот јазик, ови е курсеви беа наменети за возрасни граѓани од општината Шуто Оризари.

 

1.3. Од 2008 година започна реализицијата на проектната активност за организирање и реализирање на курсеви за компјутерски вештини за деца

 

1.4. Во рамките на оваа програмска цел се организираат работилници за градњето и подигањето на нивото на општото воспитание, културата и на правилното однесување и вградување на вистински вредности кај младите.

 

1.5. Од Јануари 2014 ФИЛЕО ќе започне да работи и со студентите Роми за нивна акдемска поддршка во рамките на нивните студии.

 

1.6. Зајакнување на истражувачките вештини и алатки за активизам кај студентите Роми

 

  1. 2.Предшколска програма односно едукативен центар во општина Шуто Оризари кој се реализираше во периодот од 2007 – 2009 година.

 

2.1. Во рамките на оваа програмска цел реализиравме неколку проектни активности и тоа:помагање при изработка на домашните задачи кај децата од прво до осмо одделени

 

2.2. Реализираме работилници заедно со родителите и децата за стекнување на одговорност, работни навики..

 

2.3. Во рамките на оваа компомента се реализираше и проектот дневен ценатр за деца од продучилишна возраст.

 

  1. 3.Програма за докфалификација и прекфалификација за млади и невработени; како курсеви за фризери, бравари, елекртичари, шнајдери, итн.

 

3.1. Во рамките на оваа програмска активност се реализираат курсеви за шиење за млади.

 

Тимот на ФИЛЕО вклучува вкупно 6 лица и 3 волонтери. Тимот има предходно искуство во пишување и спроведување на најразлични проекти поврзани со млади, образование и младински активизам како и членови кои ја познаваат заедницата се со цел за подобра промоција на резултатите на ФИЛЕО.