Прокти - Филео 

Во периодот од 2007 до денес „Филео“ работи на следната прогрмска цел:

1. Програма за градење на капацитетите кај младите (организирање на курсеви за странски јазици и компјутери, градење на вештини кај младите преку организирање на различни тематски тренинзи и обуки).

1.1. Одржавме курсеви по Англиски јазик за деца од ромска национланост од Шуто Оризари кои се едуцираат и запознаваат со Англискиот јазик. Најголемиот дел од нив покажуваат подобри резултати на училиште.

1.2. Во периодот од 2007 – 2011 ја реализиравме проектната активност за изучување на Англискиот јазик, овие курсеви беа наменети за возрасни граѓани од општината Шуто Оризари.

1.3. Од 2008 година започна реализицијата на проектната активност за организирање и реализирање на курсеви за компјутерски вештини за деца.

1.4. Во рамките на оваа програмска цел се организираат работилници за градењето и подигањето на нивото на општото воспитание, културата и на правилното однесување и вградување на вистински вредности кај младите.



2. Предшколска програма и програма за основци, во едукативен центар во општина Шуто Оризари која се реализираше во периодот од 2007 – 2009 година.

2.1. Во рамките на оваа програмска цел реализиравме неколку проектни активности и тоа:помагање при изработка на домашните задачи кај децата од прво до осмо одделение.

2.2. Реализиравме работилници заедно со родителите и децата за стекнување на одговорност, и работни навики.

2.3. Во рамките на оваа компонента се реализираше и проектот дневен центар за деца од прeдучилишна возраст.


3. Програма за доквалификација и преквалификација за млади и невработени; како курсеви за фризери, бравари, елекртичари, шнајдери, итн.


3.1. Во рамките на оваа програмска активност се реализираат курсеви за шиење за млади.

Конечно, минатата година нашето здружение успеа да добие доволно финансии за да за може да купи свој објект, преку кој ќе може да ги оствари сите овие планови, и каде ќе се одвиваат сите наши активности. Би сакале овој објект постепено да прерасне во еден вистински Ромски Едукативен Центар во Шуто Оризари.


Објектот во Шуто Оризари беше купен со помош на нашите партнери од Нетворк Мисијата од Норвешка.