ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ “ФИЛЕО”

ОТВАРА ПОВИК ЗА ПРОГРАМАТА ЗА ТУТОРСТВО ЗА СТУДЕНТИ РОМИ ЗА АКАДЕМСКАТА 2013/14 ГОДИНА

 

Здружението на граѓани „ФИЛЕО“е формирано со доброволно здружување на граѓаните за остварување на целите и задачите на Здружението и е непрофитна граѓанска организација која е формирана во 2007 – та година како иницијатива поддржана од Норвешката Нетворт Мисија која со својата без резервна поддршка ја поддржа идејата на едно ново здружение кое работи на полето на младите и едукацијата.

Опис на програмата

Туторството е дополнителна академска помош наменета за студенти Роми и има за цел полесно и успешно совладување на предвидените наставни содржини на одреден академски предмет.

 

Туторство овозможува искористување на максимум 50 часови индивидуална работа со тутор/и во текот на една академска година.

Услови и начин за пријавување

На конкурсот можат да аплицираат студенти Роми запишани во академската 2013/14 година како редовни или повторно запишани студенти на додипломски студии на било која година и област на студии на државните високообразовни институции во Република Македонија.

Потребна документација за пријавување:

  • Пријава (формулар) со листа на нејасни теми;
  • Копија од Индекс (за студентите од државните Универзитети);
  • Индекс на увид (за студентите од државните Универзитети);

Комплетираната документација треба да се достави до назначениот рок во просториите на ФИЛЕО, или online на веб страната на ФИЛЕО www.fileo.org.mk

                 

КОНКУРСОТ ЗА ТУТОРСТВО Е ОТВОРЕН ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛАТА АКАДЕМСКА ГОДИНА

ВАЖНО! АПЛИКАЦИЈАТА СЕ ДОСТАВУВА 15 ДЕНА ПРЕД ПРЕДВИДЕНИОТ ДАТУМ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ НА ТУТОРСТВОТО

 

Пријави и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на ФИЛЕО, ул. “Виничка” бр.62, Скопје, тел: 02 /5511478 секој работен ден од 11.00 - 16.00 часот, или емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

НЕКОМПЛЕТНИ И НЕНАВРЕМЕНО ДОСТАВЕНИ ПРИЈАВИ НЕМА ДА СЕ РАЗГЛЕДУВААТ.