ЗДРУЖЕНИЕ НА ГРАЃАНИ “ФИЛЕО”

објавува

Конкурс за 13 средношколци Роми за учество на школа 2014

- Градење на капацитети на средношколци Роми -

Модул: 1 Пишување на есеј

Модул: 2 Техники на истражување за изработка на проектна задача

Здружението на граѓани „ФИЛЕО“ е формирано со доброволно здружување на граѓаните за остварување на целите и задачите на Здружението и е непрофитна граѓанска организација која е формирана во 2007 – та година како иницијатива поддржана од Норвешката Нетворт Мисија која со својата без резервна поддршка ја поддржа идејата на едно ново здружение кое работи на полето на младите и едукацијата.

Школата е една од активностите на „ФИЛЕО“ финансирана од Нетворт Мисија наменета за средношколци Роми за зајакнување на нивните капацитети.

Цел на школата:

Главната цел на програмата е учесниците да добијат основно познавање за техниките на пишување на есеј и изработка на проектна задача кои ќе послужат за надградување на личниот капацитет на средношколците како и стекнување со подобри резултати во средното образование  

Покрај главната цел, средношколците ќе се стекнуваат со вештини за тимска работа, самостојна работа, како и споделување на ставови, идеи и препораки. Обуките ќе се реализираат во периодот од 05 до 07 септември, 2014 година во хотел Силекс – Охрид.

ФИЛЕО ќе ги покрие целокупните трошоци за сместување, како и трошоци превоз Скопје – Охрид – Скопје.

Критериуми за пријавување:

Предност за учество на ова школа ќе имаат средношколци Роми кои се запишани во втора и трета година и се од Скопје (Маџари, Топаана, Ѓорче Петров и Шуто Оризари).

Потребна документација за пријавување

  • Пополнета апликација;
  • Потврда од средното училиште или последно свидетелство;

Некомплетни и ненавремено доставени апликации нема да се разгледуваат.

Краен рок за пријавување е 30ТИ Август, 2014, до 15 часот

Прашања и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Филео, ул. Виничка бр.62, Скопје, тел: 02/ 255 11 478, 075 – 525 – 797 секој работен ден од 10.00 - 16.00 часот, или на веб страницата на ФИЛЕО www.fileo.org.mk.

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок лично во просториите на ФИЛЕО.

објавува

Потребни документи за апликација:

 Апликација            Отворен повик за конкурс