ЗДРУЖЕНИЕТО НА ГРАЃАНИ “ФИЛЕО”

Отворен повик за 12 Роми за изучување на дувачки инструменти

(труба, тронбон и хорна)

 

Здружението на граѓани „ФИЛЕО“е формирано со доброволно здружување на граѓаните за остварување на целите и задачите на Здружението и е непрофитна граѓанска организација која е формирана во 2007 – та година како иницијатива поддржана од Норвешката Нетворт Мисија која со својата без резервна поддршка ја поддржа идејата на едно ново здружение кое работи на полето на младите и едукацијата.

Изучувањето за дувачки инструменти (хорна, труба и тронбон) е една од активностите на „ФИЛЕО“ финансирана од Нетворт Мисија наменета за млади Роми.

Освен техниките за свирење на дувачки инструменти, торијата на музиката младите исто така ќе се стекнуваат со вештини за тимска работа, самостојна работа,. Часовите за дувачките инструменти ќе се реализираат во периодот од 10 ноември, 2014 до 31 мај, 2015 година во просториите на ФИЛЕО.

Критериуми за пријавување:

Предност за учество на ова школа ќе имаат млади Роми кои се на возраст од 8 – 12 години и се запишани во основните училишта во Скопје (Маџари, Топаана, Ѓорче Петров и Шуто Оризари).

Потребна документација за пријавување

  • Потврда од основното училиште
  • Писмена согласност од родител

Некомплетни и ненавремено доставени апликации нема да се разгледуваат.

Краен рок за пријавување е 30ТИ Октомври, 2014, до 15 часот

Прашања и дополнителни информации за конкурсот можат да се добијат во просториите на Филео, ул. Виничка бр.62, Скопје, тел: 02/ 255 11 478, 075 – 525 – 797 секој работен ден од 10.00 - 16.00 часот, или на веб страницата на ФИЛЕО www.fileo.org.mk.

Комплетната документација треба да се достави во назначениот рок лично во просториите на ФИЛЕО