Здружението на граѓани “ФИЛЕО“ објавува

П О В И К

за учество на обука на тема: Кариера и кариерно советување

Здружението на граѓани ФИЛЕО во соработка со Град Скопје реализира проект насловен “Градење на кариера“. Проектот се реализира преку имплементација на две циклус тематски обуки, кои имаат за цел зајакнување на свесноста и капацитетите за развој на кариера кај учениците Роми од основно и средно образование од подрачјето на општина Шуто Оризари.

Услови за учество:

Право на учество имаат сите заинтересирани ученици Роми од основно ( VIII и IX одделение) и средно (I-IV година) образование со седиште во општина Шуто Оризари со желба и поттик за градење на кариера.

Сите заинтересирани ученици за учество на првата циклус обука може да се пријават со испраќање на порака со податоци ( име и презиме, образование и контакт телефон) на следниве начини:

- Емаил: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

- Facebook: Fileo NGO

Рок за пријавување:

Рокот за прием на апликации е до 27.09.2016 година, по приемот селектираните кандидати ќе бидат информирани дополнително.

Реализација на обуките:

Првиот циклус на обуки на тема “Кариера и кариерно советување“ ќе се одржи на 01.10.2016 година (сабота) во просториите на Здружението на граѓани “Филео“ со седиште на ул.Виничка број 26.

Обуките ќе бидат реализирани со предавачи од тимот на организацијата.

Во очекување на Ваше пријавување.

 

Со почит,

Проектен тим

“ФИЛЕО“